Трагедија во Пиреј: Маж се удави откако беше турнат во вода од екипажот на траектот на кој се обиде да се качи (снимка)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Маж кој се обидел да се качи на траект што испловувал од грчкото пристаниште Пиреј се удавил откако членовите на екипажот го турнале од задната рампа на траектот, изјави денеска грчкиот министер за поморство Милтиадис Варвициотис.

На видеото објавено на социјалните мрежи, може да се види како членовите на екипажот се расправаат со 36-годишен маж на задната рампа на траектот во момент кога тој се движел од Пиреј кон островот Крит, објави Ројтерс.

Варвициотис рече дека мажот, кој купил билет во вторникот, се симнал од траектот од непознати причини, а потоа се обидел повторно да се качи, по што членовите на екипажот го турнале и паднал во морето додека траектот тргнувал.

„Чувствувам шок и ужас поради тоа што се случи“, изјави Варвициотис за радиото Параполитика.

Тој рече дека видеата се шокантни и дека чувствува голема тага поради смртта на 36-годишниот маж.

Варвициотис на платформата Х (Твитер) изјави дека „нема сомнеж дека е извршено убиство“.

Тој додаде дека поради инцидентот се приведени четири лица и дека обвинителот го истражува случајот.

Сопственикот на траектот „Атика груп“ објави дека неговото раководство е „потресено од трагичниот инцидент“ и дека соработува со надлежните за да помогне во расветлувањето на случајот.