Облачен и променлив четврток


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денеска, четврток, 7. септември, во Македонија ќе имаме променливо облачно време со повремен локален дожд, наместа краткотрајно пороен, проследен со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб краткотраен дожд. Дневната температура во Скопје ќе достигне до 28 Целзиусови степени, во Маврово 18, Охрид 23, Битола и Крива Паланка 24, Берово 23, Кавадарци 28, Дојран 29.

Утре ќе имаме променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Дневните температури ќе се движат од 18 до 29 степени,