Во Собранието изгласани измените законските измени со кои се намалуваат казните за злосторничко здружување и злоупотреба на службена должност


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонското собрание попладнево експресно ги донесе измените на Кривичниот законик со кои значително се намалуваат казните за различните облици на кривичното дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од најмалку 3 години затвор на казна од една до четири години затвор, како и казната од членот 394 „Злосторничко здружување“ до 10 години, на казна до 3 години.

Во образложението на законските измени, покрај останатото, владата навела дека целта е усогласување на Кривичниот законик со меѓународните документи, како и дека предлогот на законот се заснова врз истите начела врз кои се заснова Кривичниот законик.

„Веќе подолг временски период се изготвува новиот Кривичен законик. Во него посебно внимание е посветено на усогласувањето со меѓународните стандарди, а посебно со актите на Европската Унија“, навела Владата.