Sister of NO mercy: Калуѓерка VS активист (снимка)


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Снимката на која се гледа како една калуѓерка му се нафрли на климатски активист и го соборува на земја стана хит на социјалните мрежи.

Имено, нова црква се гради во Сен Пјер де Колумбие во Ардеш, Франција, а еколошките активисти се обидоа да ја спречат изградбата, поради што во текот на ноќта неколку часни сестри пристигнаа да го бранат градилиштето.

Француската телевизија Франс 3 го снимила судирот меѓу калуѓерката и климатскиот активист кој кршел цевки и градежна опрема. Тие почнале да се расправаат, а калуѓерката во еден момент ги изгубила нервите и со молскавична брзина го нападнала човекот, соборувајќи го на земја.

Инаку, климатските активисти се незадоволни од јаглеродниот отпечаток што градителите го оставаат зад себе и бараат да се земе предвид студијата за заштита на животната средина, според која може да се уништат ретките растенија што растат таму.