Голферката се расплака: „Ми се закануваат и ме реметат оти сум носела хеланки“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американскта голферка Пејџ Спиранак е доста популарна на социјалните мрежи, посебно благодарение на нејзиниот секси изглед, кој пак, ѝ предизвикува проблеми во професионалната кариера.

Откако минатата година доби покана за престижниот Omega Dubai Ladies Masters, некои од натпреварувачките коментираа дека шансата за учество ја добила само поради својот изглед и популарноста на интернет. Освен со противничките од терените, Пејџ си има проблем и со интернет троловите, со чии навреди тешко се носи.

A video posted by Paige Spiranac (@_paige.renee) on

На овогодинешниот Omega Dubai Ladies Masters проговори за навредите со кои секојдневно се соочува и притоа се расплака.

A photo posted by Paige Spiranac (@_paige.renee) on

A photo posted by Paige Spiranac (@_paige.renee) on

„Луѓето ги напаѓаат и моите родители, семејството, пријателите. Им велат дека сум срам за голфот. Тешко е што секој ден морам да се носам со такви коментари“, изјави Пејџ низ солзи.

A video posted by Paige Spiranac (@_paige.renee) on

„Се борам со депресијата, бидејќи понекогаш се чувствувам како воопшто да не вредам ништо, што и да направам не е доволно добро. Ме нарекуваат промискуитетна, ми се закануваат, само затоа што сакам да носам хеланки на теренот за голф. Велат дека би било подобро да ме нема и дека сум ужасна голферка“, продолжи расплакана Пејџ и додаде дека нејзина најголема цел е да им помогне на другите кои се соочуваат со феноменот на cyber bullying.