Големиот Мирослав Клосе кажа КРАЈ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот стрелец во историјата на светските првенства, Мирослав Клосе реши да стави крај на својата професионална кариера.

Легендарниот германски напаѓач, кој е најдобар стрелец на мундијалите со 16 погодоци, реши да стави крај на кариерата и да заплива во тренерските води.

38-годишниот Клосе сега ќе се фокусира на добивање на потребните лиценци и ќе биде дел од персоналот на селекторот на „панцирите“, Јоаким Лев.

„Со репрезентацијата ги постигнав најголемите успеси. Тоа време беше прекрасно и останува незаборавно. Затоа со задоволство се враќам во репрезентацијата. Во последниве месеци донесов одлука да погледнам кон една нова перспектива, да станам тренер“, изјави Клосе.

Клосе е без ангажман откако му истече договорот со Лацио каде беше од 2011 до 2016 година, а претходно играше за Баерн Минхен, Вердер Бремен, Кајзерслаутерн, како и нисколигашот Хомбург.