Ѓоковиќ го освои Мастерсот во Париз за историска 37-ма мастерс титула во кариерата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ уште еднаш докажа дека е најдобар тенисер на светот и го победи Данил Медведев во финалето на Мастерсот во Париз.

Ова за Ѓоковиќ беше одмазда над Медведев за финалето на УС Опен, а воедно стигна и до историската 37 мастерс титула.

Русинот подобро го отвори мечот и го доби првиот сет со 6:4 после 42 минути игра, но потоа Ѓоковиќ се „разбуди“ и заигра многу подобро.

Во вториот сет направи брејк на 3:1, а потоа го осовои рутински со 6:3. Одлучивачкиот сет видовме доминација на Ѓоковиќ каде направи два брејка и дојде до предност од 5:2, а потоа го доби сетот со 6:3.

Ова воедно за големиот ас беше шести триумф во Париз или вкупно 37 Мастер титула со што го остави зад себе Рафаел Надал (36).