Понеделничка временска прогноза


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денешниот понеделник, осми ден од ноември за оваа година, во Македонија носи умерено до значително облачно и релативно топло време, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 19 Целзиусови степени, Маврово 17, Охрид 20, Битола 21, Крива Паланка и Кавадарци 20, Берово 22, Дојран 24.

Утре времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието. Дневните температури ќе се движат од 16 до 22 степени.