Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Претседателот на најголемата македонска опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за денеска, 8. ноември, најави дека во Собранието ќе поднесе иницијатива за гласање недоверба на владата, доколку премиерот Зоран Заев не го исполни ветувањето и поднесе оставка. пренесува Слободна Европа.
Мицкоски изјави дека не очекува Заев да поднесе оставка на функцијата премиер, како што ја најави по лошите резултати на неговиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) на локалните избори.
Мицкоски:утре до 14.30 поднесуваме иницијативата за гласање недоверба на Владата
„Во понеделник во 14.30 часот ја поднесувам иницијативата до парламентот, а потоа останува на претседателот на Собранието да ги почитува процедурите и пропишаните рокови“, рече Мицкоски кој ги повика и пратениците на преостанатите партии од владејачката коалиција околу СДСМ да бидат дел од новото мнозинство, во кое заедно со ВМРО-ДПМНЕ се Левица и три албански партии, Алијансата за Албанците, Алтернатива и Беса. Оваа нова коалиција има 61 од вкупно 120 пратеници.
Османи: Ахмети ќе разговара со сите освен со деструктивните партии
Мицкоски во петокот вечерта објави дека е договорено ново парламентарно мнозинство во Собранието, објавувајќи фотографии на Фејсбук со лидерите на партиите Левица, Алијанса за Албанците, Алтернатива и Беса, која е партнер на СДСМ во Владата. На неодамнешните локални избори, партијата на Мицкоски го победи Зоран Заев од СДСМ, кој затоа на 31 октомври поднесе оставка како премиер и партија, но рече дека не е време за предвремени парламентарни избори, бидејќи владејачката коалиција е стабилна.