Го продаде мачорот за вртоглави 78.000 евра – еве ја неговата мистична тајна


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Русин успеал да го продаде својот мачор Чарлис за неразумно високи 78.000 евра. Тајната на оваа неверојатна цена се крие во тоа што Дмитриј, сега веќе негов поранешен сопственик, тврди дека мачорот Чарлис Уткинс има натприродни способности. Поради тоа и успеал да ѝ го продаде на една јасновитка од Новосибирск.

Дмитриј рекол дека мачорот успевал сам да излезе од заклучани простории и дека умеел да му „всади и наметне“ сопствени мачорски мисли.

„Ме тераше да правам работи коишто не ги сакав. Знаеше да ме разбуди во пет часот со огромна желба за риба или колбаси, храна која, всушност, ја мразам. Така сонлив одев во продавница, а по враќањето сè што ќе купев му го сервирав нему. Како што Чарлис јадеше, така во мене гладот престануваше“, раскажал Дмитриј. Русинот додал дека го заклучувал мачорот, но дека ниту тоа не помогнало.

„Чарлис ни покажа дека може да се создаде каде што ќе посака“, рекол Дмитриј. Тој мачорот го наследил од тетката по нејзината смрт.

Неговата нова сопственичка, јасновитка, кога дошла да го купи донела некои апарати со кои се уверила дека мачорот навистина поседува необични моќи.