Вебкафе

Го напушти Лондон и замина да живее на Алпите – како коза!

Томас Твејтс е човек кој своевремено го напушти секојдневниот човечки живот во Лондон, преполн со стрес поради невработеноста, за три дена да живее со козите во Швајцарија, но не како козар, туку како коза.

„Го шетав кучето од еден пријател и забележав дека изгледа среќно поради својот живот, без никакви грижи, што ме натера да помислам дека би било навистина прекрасно да сде живее еден ден како него“, вели Твејтс, кој размислувал, на неколку дена, да стане слон или некое друго животно.

Сепак, сфатил дека некои животни имаат проблеми како и луѓето, па одлучил да живее како коза, поради што аплицирал и за еден универзитетски грант, за да направи истражување за психологијата на козите. Во сиот тој потфат набавил и вештачки нозе, специјално дизајнирани да бидат имитација на оние од козите, но и стомак кој изгледа како кај козите.

Сепак, неговиот живот во тело на коза не бил толку интересен, па типот сфатил дека таа безгрижност не е она што се чини на прв поглед.

„Многу страдав како коза, затоа што не можев да се движам правилно, а секако, морав да јадам трева“, заклучил Томас, човекот-коза кој своето искуство го пренесе во книгата со наслов „Човекот-коза: Како зедов одмор од животот како човек“.

To Top