„Газета дело Спорт“ тврди: Манчестер Јунајтед има конкретна понуда за Кристиано Роналдо


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кристиано Роналдо уште еднаш покажа и докажа дека кога станува збор за годините, тие се само бројка за него и со стил го отвори Европското првенство за неговата репрезентација Португалија.

Неговата иднина во Јувентус е неизвесна и веќе подолго време се шпекулира дека ќе ја промени средината, а и „бјанконерите“ се спремни да го пуштат за да се ослободат од неговата висока плата.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран да го врати Роналдо на „Олд Трафорд“ и веќе работи на трансферот.

„Црвените ѓаволи“ се спремни да му понудат 17 милиони фунти по сезона во следните три години.

Јувентус сака да се ослободи од Португалецот и е спремен да го пушти за сума од 30 милиони евра.