Фудбалот остана без уште една легенда: Почина „германскиот бомбардер“ Герд Милер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес, на 75-годишна возраст, почина некогашниот напаѓач на Баерн и германската репрезентација, фудбалскиот великан Герд Милер.

Причината за смртта не е објавена, а Милер во последните години страдаше од Алцхајмерова болест.

Милер беше светски шампион и европски шампион, трикратен победник на Купот на европските шампиони (сегашна Лига на шампиони), четирикратен шампион и победник на Купот на Германија.

Има постигнато 566 гола на 607 настапи за Баерн Минхен, како и 68 голови во 62 репрезентативни натпревари.