Приказната за „пештерскиот човек“ Панта Петровиќ – ликот кој го привлече вниманието и на Илон Маск


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Панта Петровиќ од Пирот, како што самиот раскажува, донел одлука животот да го помине во пештерите на Стара Планина, бидејќи таму има целосна слобода. И тој воопшто не се кае за оваа негова животна одлука. Сепак, иако живее далеку од цивилизацијата и допир со други луѓе, тој одлучил да се вакцинира против Ковид-19. Со оваа негова одлука го привлече вниманието и на технолошкиот магнат и иноватор, Илон Маск.

– Ја примив првата доза од вакцината, го очекувам повикот за втората доза. Не се мислев многу, се вакцинираа сите мои пријатели, другари, и апелирам до сите да се вакцинираат, бидејќи особено ние од селата сме загрозени. Короната лесно може од градот да дојде во селото, шумата, насекаде има луѓе – вели Петровиќ

На оваа информација реагираше и милијардерот Илон Маск. Тој на својот профил на Твитер ја сподели приказната на светските медиуми за Панта Петровиќ коментирајќи: „Дури и српскиот пештерски самотник се согласува…“.

Коментарот најверојатно ова се однесува на важноста на вакцинацијата против ковид-19.

Подолу во прилог погледнете го видеото за животната приказна на овој Србин.