Филмската животна приказна на Џејми Варди


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според животната приказна на фудбалскиот напаѓачот на Лестер, Џејми Варди, без проблем може да се сними филмски блокбастер.

Пред десет години Варди играше аматерски фудбал и дојде до својот прв трофеј во пониските англиски лиги. После епизодите во Халифкас и Флитвуд направи трансфер во Лестер и така започна една убава фудбалска историја.

Со Лестер Варди заврши прв во Чемпионшиш, ја освои Премиер лигата, а сезонава и ФА Купот. Покрај трите големи клупски трофеи во Англија, ги освојуваше и наградите за најдобар играч и стрелец. Еден податок посебно го свртува вниманието.

Џејми Варди е единствен фудбалер во историјата кој играл во сите 14 рунди на ФА Купот.

Најстарото фудбалско натпререварување има 14 рунди, а од првата рунда започнуваат аматерските клубови. После квалификациите доаѓа главната рунда и се приклучуваат професионалните клубови.

Значи Варди во својата кариера играл во сите шест рунди од квалификациите и осум главни рунди на крајот и го освои најсторото натпреварување во светот.

За Лестер собра 306 натпревари и постигна 136 голоови и стана вистинска икона на овој клуб.