Фејсбук на сериозни маки: Не знае што да прави со вишок кеш од 52 милијарди долари


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фејсбук има проблем со вишок финансии и тоа „тежок“ 52 милијарди долари – ама буквално вишок финансии. Компанијата, која има повеќе пари од скоро сите други американски компании, не знае што да има прави на тие 52 милијарди долари кои ги има како вишок бидејќи Вашингтон толку „им се наострил“ на лидерите на социјални мрежи и тоа му претставува пречка при големи аквизации, јави CNBC.

За финансискиот директор на Фејсбук, Дејвид Венер, и основачот на компанијата, Марк Закерберг, толкава количина готовина претставува фасцинантен проблем.

Фејсбук не исплаќа дивиденти на акционерите, но дури и на додавање дивиденда од два отсто на неговите акции, би биле потрошени само 11 милијарди долари годишно.

Во меѓувреме, Фејсбук успори темпо на откуп на свои акции оваа година, откако на тоа потроши повеќе од 11 милијарди долари во 2018 година кога акциите паднаа дури до 124 долари. Моментно цената им е 200 долари, наведува CNBC.

Нивото на капитални инвестиции на компанијата би требало да остане непроменето и следните години, се вели во извештајот за третиот квартал.

„Постојат реални политички ограничувања за тоа што можат тие да направат“, вели Саманта Маклимор, портфолио и менаџер во Мелер вејл партнерс од Балтимор, фирма што поседува 387.000 акции на Фејсбук, а ја основа познатиот инвеститор Бил Милер.

„Големите технолошки компании само трупале готовина“, додава таа.

„Политичките проблеми на Фејсбук ја намалуваат веројатноста дека таа готовина ќе ја искористат за некоја голема аквизиција“, смета Џон Фримен, аналитичар во ЦФРА.

Сенаторите Берни Сандерс и Елизабет Ворен го критикуваат купувањето од Фејсбук на Инстаграм и Ватсап и изнесоа трвдења дека администрацијата на Обама и на Трамп дозволиле големите технолошки компании да станат исклучително моќни благодарение на недостиг од антимонополски закони.