Облачен и студен четврток


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овој прв декемвриски четврток во Македонија носи променливо облачно и студено време, со повремени сончеви периоди. По одделни котлини магливо. Попладне облачноста ќе се намали.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 5 Целзиусови степени, Маврово 4, Охрид 6, Битола 4, Крива Паланка 5, Берово 3, Кавадарци 6, Дојран 8 степени.

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини магливо и студено. Кон крајот на денот од запад ќе започнат повремени врнежи од дожд кои ќе траат и преку ноќта. Дневните температури ќе достигнат во Скопје 7, Маврово 3, Охрид 6, Битола 8, Крива Паланка 5, Берово 3, Кавадарци 7, Дојран 12.

За сабота прогнозата е променливо облачно и потопло со услови за локален дожд претежно во западните делови. Повремен дожд ќе има и преку ноќта, а дневните температури ќе се движат од 6 до 14 степени.

В недела ќе имаме сончево време со температури од 9 до 17 степени.