228 уапсени во над 30 земји во светска полициска операција против перење пари


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во рамки на светската полициска операција против перење пари изведена во над 30 земји, полициските сили уапсија вкупно 228 лица и идентификувале илјадници „финансиски мазги“.

Во операцијата од септември до октомври биле спроведени над 1.000 криминалистички истраги, а голем дел од нив сѐ уште траат, соопшти „Еуропол“.

„Над 650 банки, 17 банкарски здруженија и други финансиски установи пријавиле 7.520 лажни трансакции спроведени од финансиски мазги. Со тоа е спречена загуба од 12,9 милиони евра“, вели Јуропол.

Во операцијата во која совен Јуропол (европската полициска организација) ја поддржале и Јуроџаст (европскиот сојуз за соработка во правосудството) и Европската банкарска федерација (ФБЕ) се идентификувани 3.833 „финансиски мазги“ и 386 лица кои биле задолжени за трансакциите, од кои 228 се уапсени.

„Финансиските мазги“ често и не знаејќи учествуваат во перењето на парите така што примаат и префрлаат суми незаконски заработени пари, објасни Јуропол.

Лицата кои ги користат тие мазги особено се активни на социјалните мрежи на кои ги наговараат своите жртви да отворат банкарски сметки со изговор дека преку нив ќе испраќаат или примаат пари.

Операцијата била спроведена во 31 земја, вклучувајќи ги Германија, Белгија, Шпанија, Швајцарија, Британија, САД и Австралија.