Полицијата го приведе лицето кое со секира ги уби двете кучиња во Аеродром


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вчера вечерта, од страна на полициските служби во Скопје било приведено малолетно лице, 17-годишниот Г.С., кој е обвинет за масакрирање со секира на двете маалски кучиња од скопската населба Аеродром, Гоца и Макс, кои беа крвнички убиени со секира во септември годинава.

Полицијата го идентификуваше сторителот на ова грозоморно дело преку снимките од околните безбедносни камери на кои е снимен како го извршува убиството на кучињата.

Лицето ќе одговара според член 223 од Кривичниот законик за Мачење животни.