Home Актуелно Еве на кое место сме во Европа според вистина на платата

Еве на кое место сме во Европа според вистина на платата

Податоците и рангирањата се направени според статистиката и листата на најсиромашни земји во рамки на Европа која ја изработија украинските експерти, а ја пренесува economics.unian.info.

Македонија е меѓу десете земји со најниски плати во Европа, покажува истражувањето на Украинскиот аналитички центар. На прво место на листата е Украина, каде платите се работниците се движат околу 190 евра и се најниски во Европа. Меѓу десетте земји со најмали примања се и Србија, Белорусија и Албанија.

Украинските стручњаци составиле листа на најсиромашни европски зеји, на кои на прво место е Украина, а потоа следи Молдавија со 216 евра, а Азербејџан е на третото место со просечна плата од 232 евра, наведува порталот economics.unian.info.

Меѓу десетте држави со најниски плати се и Грузија, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Албанија, Македонија и Србија. Според податоците на украинскиот центар, највисоки се платите во Швајцарија каде просечната плата е 4.421 евро, како и во Исланд и во Норвешка каде просечните примања се 3.440, односно 3.405 евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…