Home Актуелно Млада девојка се обесила на дрво позади трговскиот „Лептокарија“

Млада девојка се обесила на дрво позади трговскиот „Лептокарија“

Жители од Скопската населба Карпош 3, синоќа, на социјалните мрежи, со неверување, потресеност и шокираност ја опишуваа страшната глетка која ја забележале кај нивните згради.

Во близина на основното училиште Лазо Трповски, позади трговскиот центар “Лептокарија”, на едно од дрвата позади зградите била обесена жена.

Глетката била ужасна, а на местото на настанот биле насобрани и многу деца, за кои денешниот настан ќе претставува шок. На лице место, биле излезени и екипи од Министерството за внатрешни работи.

Подетални информации за немилиот настан се уште нема.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…