Ексклузивно интервју со Рожер Федерер за Ал Џезира (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Швајцарецот Рожер Федерер, во ексклузивно интервју за Ал Џезира Балканс говореше за најразлични моменти во својата кариера, за титулите, повредите и за рекордите.

Четири пати е прогласен за најдобар спортист на светот. Во досегашната кариера не предал ниту еден дуел. Единствен тенисер е со 10 финалиња и пет победи во низа на Вимблдон.

Единствен играч во историјата кој најмалку пет пати победил на три различни Грен Слем турнири. Има победено на 92 турнири вкупно и освоено 18 Грен Слем титули. Уште на почетокот од 2015 година ја оствари илјадитата победа. Светски рекет број еден беше цели 302 недели.

Федерер ги поместува границите на тенисот, соборува рекорди и поставува нови стандарди во спортот. И со 36 години уште игра врвен тенис, освојува турнири и потсетува на своите најдобри денови.