Држиме негативни рекорди: Тетово меѓу 10-те најзагадени во Европа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Светската здравствена организација го вброи Тетово во листата со десет најзагадени европски градови за 2018 година. Тетово се најде во врвот на градови од Европа каде има најголема концентрација на токсични ПМ-10 честички во воздухот.

„Дури и во лесни есенски денови, луѓето се гушат за чист здив од загадениот воздух во Тетово, древен град лоциран во подножјето на Шар-планина“ објави Ројтерс.

Многумина стравуваат дека ситуацијата уште повеќе ќе се влоши со приближување кон зимата. Во минатото, властите беа принудени да ги затворат училиштата поради смог. Проблем прават и старите возила

Домаќинствата во градот за загревање премногу се потпираат на јагленов лигнит.

Високите емисии на издувни гасови, исто така, значително придонесуваат за загадување, според информациите на СЗО.

Втор град од Балканот во рангирањето е босанскиот индустриски центар Тузла.