Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонската џудистката Арбреша Реџепи сепак ќе биде дел од официјалната церемонија на свеченото отворање на Летните олимписки игри во Токио. Според последните информации кои пристигнуваат од Јапонија, Реџепи имала пет негативни тестови на корона вирус и добила дозвола да излезе од изолација.
Таа заедно со Дејан Георгиевски ќе бидат на чело на македонската експедиција која ќе продефилира на отворањето на игрите.
Вчера Арбреша Реџепи беше упатена во карантин поради контакт со лице позитивно на корона вирус, кое го имала на аеродромот во Франкфурт на патот кон Токио.
– По интервенција на МОК, Арбреша Реџепи ќе може да присуствува на вечерашното отворање на ОИ и ќе го носи македонското знаме на церемонијата на отворање на Игрите. Арбреша Реџепи, со одлука на ИОК/Организациониот комитет ТОКИО 2020, не е повеќе под надзор заради близок контакт со заразен од КОВИД-19 и таа ќе ја има честа да биде прва спортистка, Олимпијка која ќе го носи македонското знаме на отворањето на летните Олимписки игри! – стои во соопштението на Македонскиот олимписки комитет.