Џенифер Гарнер и Бен Афлек се откажаа од разводот!


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Познатиот холивудски пар Џенифер Гарнер и Бен Афлек решија да му дадат уште една шанса на својот брак, откако во јуни 2015 година одулчија да се разведат.

Иако тие се уште не се заедно, сепак решиле да ја прекинат бракоразводната постапка.

„Џен се откажа од разводот. Сака да ги средат работите со Бен. Ќе се обидат уште еднаш“ објави магазинот „Пипл“ повикуваќи се на извор близок до глумицата.

Изворот додаде дека постојат шанси за смирување, бидејќи тие уште се сакале и ги сакале своите деца.

Бен и Џенифер заедно го прославија петтиот роденден на синот Семјуел, со ќерките Вајолет и Серафина, во заедничкиот дом во Лос Анџелес.