Дешамп го заклучија на балкон, па молеше да го „спасат“ (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп се нашол во непријатна ситуација кога останал заклучен на хотелскиот балкон во Букурешт.

Дешамп останал заклучен на терасата која била на покривот на хотелот во Букурешт во кој е сместена француската репрезентација. Тој ја заборавил магнетната картичка и сфатил дека е сам на терасата без можност да влезе внатре.

Бидејќи немал избор Дешамп ги повикувал навивачите пред хотелот да му помогнат и да им јават на вработените на рецепција да го „спасат“.