Home Актуелно Жежок понеделник

Жежок понеделник

Денеска, 28 јуни, времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. УВ индкесот ќе биде 8.

Во Скопје, сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Продолжува периодот на сончево и многу топло време, од вторник повторно со температури до 40-тиот степен. Од средината на работната седмица ќе има услови за краткотрајна попладневна локална нестабилност.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…