Роџер Вотерс до Марк Закерберг: „Fuck You, нема шанса!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На еден неодамнешен настан во Њујорк организиран за ослободување на Џулијан Асанж, некогашниот фронтмен на култните Пинк Флојд објави порака што ја добил од Фејсбук во која од него се бара дозвола, за неверојатна сума на пари, за користење на песната „Another Brick In The Wall, Part Two“ за филм што ќе го промовира Инстаграм.

„Ова е порака од Марк Закерберг за мене. Пристигна утрово со понуда за огромна, огромна сума за пари. И одговорот е: Еби се. Нема шанса!,“ изјавил Вотерс пред собраните на настанот.

Пред да се запраша како е можно човек што почнал со сајт за оценување на изгледот на девојките (првичната верзија на Фејсбук) да стане еден од најмоќните идиоти на светот, Вотерс објаснува:

„Тие сакаат да ја искористат песната за да го направат Фејсбук и Инстаграм уште поголем и помоќен од тоа што е, за да може да продолжи да нè цензурира сите нас во оваа просторија и да спречи приказната за Џулијан Асанж да излезе пред јавноста.“