Депај како во старите денови: Гол „од милион евра“ од центарот на теренот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Мемфис Депај во Лион ја оживеа својата фудбалска кариера и повторно постигна спектакуларни голови, какви што „рендаше“ во времето за ПСВ Ајндховен, кога ја импресионираше фудбалска Европа и обезбеди трансфер во Манчестер Јунајтед каде си ја зафркна кариерата.

Холанѓанецот вчера постигна два погодоци за победата на Лион против Тулуз од 4:0, а вториот од нив беше апсолутен спектакл бидејќи феномелниот лоб удат беше упатен до центарот на теренот и го матираше 18-годишниот Албан Лафон. Речиси сигурно ова е гол на колото во Европа овој викенд и еден од најубавите во оваа сезона од целокупниот европски фудбал.

И без Александар Лакацете, Лион има моќни адути кои прават одлични подвизи во првенството против послабите противници. Депај е еден од нив и засега сјајно ја користи шансата која му ја даде Лион. После големиот пресврт и победа над Рома во Лига Европа, Лион вчера беше убедлив и во првенството.

Против Тулуз поведе во 36-та минута со многу среќа. Жале се уфрли напред и шутираше од косо, а топката првин закачи некој од противничките играчи и потоа од пречката се одби во мрежата на младиот Лафон. Потоа, 20-годишниот Макс Корне покажа дека е достоен наследник на Лакацете, кога овој го напушти клубот. Постигна прекрасен гол во 47-та минута, после топка од Депај, лансирајќи проектил од 16 метри под пречката од Тулуз.

Депај зголеми на 3:0 со прецизен удар од косо, а потоа во 82-та минута го постигна и фантастичниот погодок од центарот на теренот.