Спорт

Не е за тие со слаб стомак: Драгиќ заработи стравична повреда на окото

Словенечкиот кошаркар Горан Драгиќ не се најде во можност да своите соиграчи од Мајами да им помогне во мечот против Индијана Пејсерс, поради повредата која ја заработи на дуелот со Торонто претходната вечер.

Што, всушност, се случи? На почетокот од третата четвртина Драгиќ се обиде да одигра одбрана против Кори Џозеф, во моментот кога бекот на Торонто се наоѓаше во продор кон кошот. Но, Драгиќ заработи таков остар и силен удар во десната арката што му предизвика контузија на орбиталната коска.

Моментално неговото десно око е целосно затворено и не може да гледа со истот, пред сè бидејќи отокот е стравичен. Голема среќа е што не го загуби видот при ударот. Останува прашање кога Драгиќ ќе се врати на паркетот, под обрачите.

To Top