Дали со еден повик од Путин го притиснал Абрамович да го повлече Челзи од проектот Суперлига?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во спортската јавност и медиумите најнова актуелност поврзана со пропаѓањето на уште незапочнатата Суперлига е начинот на кој во Челзи била донесена конечната одлука да се повлечат од проектот. Според светските медиуми, клучна улога во донесувањето на таа одлука изгледа одиграл никој друг туку Владимир Путин.

Според информациите на голем број медиумите Путин го побарал сопственикот на Челзи Роман Абрамович и го притиснал Челзи да се откаже од проектот затоа што рускиот „Газпром“ е еден од главните спонзори на Лигата на шампионите. „Газпром“ е во сопственост на газдата на Зенит, Зенит доаѓа од Санк Петерзбург, град во кој ќе се игра финалето на Лигата на шампионите во 2022 година, а и одредени натпревари од Европското првенство ова лето.

Русија претходно го организираше Светското првенство во 2018 година, па Путин сакал неговата земја да остане во добри односи со ФИФА и УЕФА и поради тоа ги притиснал Абрамович да излезе од тој проект.

Ќе потсетиме, Челзи заедно со Манчестер Сити беа првите клубови кои објавија откажување.