Неверојатна приказна за тоа како пропадна Суперлигата – сè започнало од „брзиот јазик“ на Лапорта


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Суперлигата настана и експресно се распадна, иако Реал Мадрид, Барселона и Јувентус убедуваат дека проектот не пропаднал. За Реал е јасно тие беа главни заговарачи, заедно со Јувентус, но малку зачудува тоа што Барселона цврсто стои покрај нив. Со последните информации се добива впечаток дека Барселона можеби сака да се „извади“ затоа што се пропаднало поради нив, поточно поради претседателот Лапорта.

Се пишува дека се започнало кога на прославата за победата на изборите на Барселона Лапорта случајно или во еуфорија му кажал на Хавиер Тебас (претседателот на Ла Лига) дека 12 клубови се спремаат да формираат ново натпреварување.

Тебас по таквата информација веднаш го побарал претседателот на УЕФА, Александар Чеферин и му кажал што се спрема. Тоа било клучно. Место „суперлигашите“ неспремна да ја „фатат“ УЕФА, во Европската куќа на фудбалот имале време да спремат одговор.

Веднаш по разговорот со Тебас. Чеферин го побарал својот кум Андреа Ањели (му ја крстел неговата ќерка), претседателот на Јувентус беше близок соработник на Чеферин и претседател на Европската асоцијација на клубови (ЕКА). Ањели не одговарал на повиците на Чеферин, а потоа Чеферин му испратил порака во која му објаснил што се случува и дека од него бара одговори. Италијанецот возвратил со СМС дека нема потреба да се грижи и дека тоа се само гласини. Словенецот тогаш побарал да излезат со заедничко соопштение по тој повод, на тоа Ањели му возвратил дека ќе го побара за половина час – никогаш не го побарал!

Од тука можеби е изјавата на Чеферин од пред некој ден дека не сретнал човек што лаже повеќе од Ањели.

Да се вратиме на приказната, во наредните три дена Чеферин ги контактирал клубовите учесници и сфатил дека не се сите 12 клуба исто вмешани. Манчестер Сити, Челзи и Атлетико добиле само известување дека започнува Суперлига и дека имаат еден ден да се изјаснат дали сакаат да учествуваат, Баерн и ПСЖ одбиле од старт.

Чеферин го алармирал Џани Инфантино, претседателот на ФИФА и британската влада преку нејзиниот прв оперативец Оливер Доуден. Изгледа дека во Лондон сфатиле дека Манчестер Сити е најслабата „алка“ па на клубот од „Етихад“ му стигнала закана за казна од кабинето на премиерот Борис Џонсон. Потоа како „домино ефект“ почнале да паѓаат сите…