Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Производителот на роботи „Promobot“ бара лице за својот следен робот, кој ќе се користи во хотели, трговски центри и аеродроми од 2023 година. Компанијата нуди неверојатни 200.000 долари за храбриот волонтер, кој мора да биде подготвен засекогаш да ги „даде“ правата за користење на своето лице.
„Promobot“ е производител на роботи со седиште во Њујорк, познат по своите морничаво реалистични роботи.
Нивните роботи веќе се користат во 43 земји, работејќи во низа улоги, вклучувајќи администратори, промотери, консултанти и консиержи.
Од „Promobot“ изјавија : „Нашата компанија развива технологии во областа на препознавање на лица, како и говор, автономна навигација, вештачка интелигенција и други области на роботиката. Од 2019 година, активно произведуваме и доставуваме роботи на пазарот. Нашите нови клиенти сакаат да започнат проект од голем обем, а што се однесува до ова, тие треба да најдат нов изглед на робот за да избегнат правни проблеми во иднина“.
Во својата најнова кампања, технолошката фирма бара некој со „љубезно и пријателско“ лице кои ќе биде ставено на роботот кој е нарачан од неименувана американска компанија, а ќе се користи на аеродроми, трговски центри и продавници низ Северна Америка и Блискиот Исток.
„Роботот со нов изглед ќе започне со своите активности во 2023 година, а лицето на избраната личност ќе стане стандард за овој робот“, објаснија од „Promobot“.
Иако „Promobot“ прецизираа дека волонтерот мора да има „љубезно и пријателско“ лице, конкурсот е отворен за апликации од луѓе од кој било пол и возраст.
„Promobot“ не кажаа зошто сакаат да користат вистинско лице, наместо лице генерирано од компјутер, слично како познатиот робот Софија.