После објавување на видеото со турбо-фолк песната „Жена од султана“ најавена вонредна инспекција во градинката


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вчера Слободен печат објави снимка која им ја испратил револтиран родител кој сакал да остане анонимен, на која се гледа и слуша како воспитувачка од градинка на 5-годишни деца им пушта турбо фолк песни, ги снима и им вика да играат и да пеат. Станува збор за градинка во скопската населба Карпош.

Песната која се слуша во позадина е „Жена од султана”. Дечињата играат, а воспитувачката им вика „Ајде пејте сите инаку ќе ви ја исклучам”. Потоа таа ги прашува од каде ја знаат песната и дали вакви песни им пуштаат и дома.

Учителката ни го испрати видеото со цел да се „пофали” што работеле дента, бидејќи таа не информира за дневните активности. Кога ја видов снимката ќе се онесвестев. По која програма им се пушта песната „Жена од султана” не ми е јасно. Зарем нема доволно убави детски песни на кои децата можат да играат? Ако толку сакала да шизат, можела да им пушти некои диско песни, а не турбо фолк и кичерај – пишал родителот до редакцијата на Слободен печат.

Откако и по медиуми се објави видеото кое го сподели револтиран родител, Министерството за труд и социјална политика соопшти дека во градинката ќе биде извршена вонредна инспекција.

„Во врска со информациите, што беа објавени во порталот Слободен печат, дека во детска градинка во Општина Карпош на децата им се пушта несоодветна музика, Министерството за труд и социјална политика ја информира јавноста дека веднаш ќе испрати вонреден инспекциски надзор во соодветната установа за згрижување и воспитување на децата.

Јавните установи за згрижување и воспитување на деца работат врз основа на Програма за рано учење и развој која воспитно – згрижувачкиот кадар е должен да ја спроведува. Надлежните инспекциски служби ќе ја утврдат фактичката состојба околу спроведувањето на Програмата, по што ќе предложат соодветни мерки“. се вели во соопштението.