Најдоцна до петок посмртните останки од загинатите во автобуската трагедија во Бугарија ќе бидат пренесени во Македонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, информираше дека предавањето на телата на нашите сограѓани кои ги загубија животите во трагичната автобуска несреќа во Бугарија ќе биде направено преку организиран државен протокол најдоцна во петок.

„По остварениот разговор со бугарскиот обвинител од Софија, надлежен за трагедијата од 23 ноември, Сарафов, сакам да ја информирам јавноста дека е донесена одлука за предавањето на телата на нашите сограѓани кои ги загубија животите во трагичната несреќа во четврток, 2 декември. Владата на Р. Бугарија го прифати нашето барање преносот од Софија до Скопје да се изврши со авион на Р. Бугарија, додека од меѓународниот аеродром Скопје, преку организиран државен протокол истиот или наредниот ден петок, 3 декември, останките ќе им бидат предадени на семејствата во нивните домови“, објави на својот фејсбук-профил Османи.

Османи, посочува дека останувам во блиска комуникација со семејствата за останатите детали, и дека јавноста исто така ќе биде информирана навремено.