„Бруталниот“ болид од Nissan влегува во сериско производство


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кога ќе стане збор за Nissan GT-R, во Јапонија тоа е синоним за една од најпознатите автомобилски спортски машини. Својот голем јубилеј овој автомобилски бренд годинава го прославува со фантастична промоција.

Тоа е концепт наречен GT-R50 , осмислен од страна на Italdesign, и е толку добро прифатен од публиката што ќе премине во сериско производство.

Планот е строго ограничено издание од само 50 примероци, од кои што првиот беше прикажан во март на саемот во Женева.

Првите испораки се очекуваат на крајот на идната година и ќе продолжат и во текот на 2021 година.

Зад драматичниот дизајн е поставен твинтурбо 3,8 V6 моторот, сега со 720 коњски сили и 780 Nm. Базата е на GT-R Nismo, но цената тука е дури пет пати поголема која изнесува 990.000 евра.