Вчера вечер Куманово и скопски Аеродром екстремно загадени


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неколкукратно повисока концентрација на ПМ10 честичките во воздухот вчера вечер Куманово го направи алармантно загаден град, најзагаден од сите градови во Македонија. На оваа појава граѓаните реагираа на социјалните мрежи и бараа надлежните да преземат итни мерки за намалување на аерозагадувањето.

Според податоците на мерната станица и апликациите за мерење на квалитетот на воздухот, Куманово вчера од 18:00 часот, се до полноќ беше најзагаден град во државата. Мерната станица и апликацијата „Мој возух” во повеќе наврати покажаа надминување на граничните вредности на ПМ10 честичките неколку пати повисоко од граничните вредности, особено во централното градско подрачје во реоот помеѓу двата булевари „Октомвриска револуција” и „Трета МУБ”.

Општина Куманово претходно донесе акциски план за намалување на аерозагадувањето кој опфаќа садење садници, аеросолизација, повеќе краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки, меѓу кои клучна е гасификацијата.

Градоначаникот Максим Димитриевски претходно најави дека ќе побара поддршка од Советот да одели пет проценти од буџетот за 2020 година за садење нови садници како дел од среднорочните мерки за намалување на аерозагадувањето. Меѓу препораките кои беа донесени на еден од состаноците од Општинскиот кризен штаб во однос на аерозагадувањето е да се направи и регистар на загадувачи, граѓаните да внимаваат што употребуваат за затоплување, да користат јавен превоз.

И во скопската општина Аеродром вчера вечерта загаденоста била на екстремно високо ниво. Концентрациите на ПМ10 честичките биле неколку пати повисоки во однос на дозволените гранични вредности .

Апсолутен рекордер, се разбира во негатвна смисла, беше Ново Лисиче каде загадувањето достигна над 333 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен.

Граѓаните реагираа на социјалните мрежи и бараа надлежните да преземат итни мерки за намалување на аерозагадувањето. Ваквата загаденост може да биде и опасна по здравјето на луѓето.