Живот

Блог на една Американка – ЗОШТО ПОПУШТИВ: Се согласувам на 50/50 старателство

Пред скоро две години, мојот свет се преврти наопаку. Мојот поранешен сопруг ми призна дека повеќе не ме сака и ја осознав болната вистина за нашиот брак. Искрено верувајќи дека го изнаоѓам најдобриот интерес на нашите две девојчиња, веднаш побарав примарно старателство. Мојот поранешен сопруг не се бореше, и самиот беше изгубен обидувајќи се да си го најде патот, па се договоривме дека тоа е најдобриот интерес на нашите деца. Тој самиот се сведе на вечерни посети на децата еднаш неделно тоа прво лето, а јас си ветив самата себе дека ќе бидам најдобрата мајка што девојчињата би можеле да ја имаат.

Помалку од два месеци подоцна, на татко ми му беше дијагностициран рак на хранопроводот во напредната фаза. Одеднаш, мојот развод се чинеше така минорно и безначајно. Најважниот маж во мојот живот, најстабилниот човек што го познавам, се бореше за својот живот, а последиците од неговата дијагноза беа далекусежни. Година и пол пред тоа, мојот татко се пензионираше, за да може целосно да се посвети на моите девојчиња. Тој секогаш не ставаше нас пред сѐ, но сега мораше да се посвети на самиот себе. Јас морав да ги носам девојчињата в градинка и морав долго и длабоко да размислувам како да продолжам со нивното подигање.

Сега доаѓа делот каде ќе ме судите, и тоа е во ред. Пресудата е заслужена. Но ве молам имајте на ум дека за мене тоа беше време на трансформација. Мојот свет беше превртен наопаку и поминував низ сето тоа најдобро што знам. Го имав поставено мојот гард и се справував со ситуациите да сум лута и повредена, додека истовремено бев тажна и исплашена. Се обратив на бившиот и побарав од него да доаѓа до мојата куќа секое утро и да ги однесе девојчињата в градинка. Во спротивно, ќе морав да ги будам еден час порано и ќе беа првите деца однесени в градинка, на место каде порано никогаш не оделе и да поминат таму девет часа. Ми се чинеше дека е тоа ужасно голема, непотребна промена за двете мали девојчиња, на возраст две и пет години, кои веќе поминаа толку многу тоа кратко лето.

Мојот поранешен сопруг најпрво се двоумеше околу таа идеја. Се уште живеев во куќата во која претходно живеевме заедно и барав од него да станува порано од обично за да биде со неговите деца на место за кое многу јасно имав ставено до знаење дека не е веќе добредојден. Не се гордеам со начинот на кој го формулирав тоа, но ќе ви го признаам, зашто тоа е дел од приказната.

Му реков дека би можел да ги гледа своите деца секој работен ден наутро или да се врати на гледање само еднаш неделно. Му испоентирав дека многу родители што не се примарни старатели би направиле сѐ за да добијат таква можност да поминуваат толку време со децата. Би сакала да можев да кажам дека го побарав тоа од него бидејќи верував дека на девојчињата им треба време со својот татко, но искрено, го направив тоа бидејќи ми се чинеше најлесно решение на проблемот во тој момент.

После многу убедување, бившиот го прифати предлогот. Кога почна учебната година и морав да почнам да одам на работа во моето училиште, тој доаѓаше секое утро да ги подготви и однесе в градинка. Гледајќи наназад сега, јас сум толку благодарна на посветеноста со која тој го правеше тоа за девојчињата. Кога се разделивме, ветивме и двајцата дека секогаш ќе ги ставаме девојчињата на прво место. Тоа ветување е темелот на она што сега би го нарекла успешна и здрава ко-родителска врска.

Неколку месеци подоцна, за време на една вжештена расправија за ова_или_она, се вративме на темата за овие утра. Ме молеше да не ги променам работите, да не му ги одземам овие утра; тој имаше почнато да ги сака тие утра и бараше и понатаму да го има тоа време со девојчињата. Тие создадоа заеднички рутини и имаа прекрасни сеќавања. Нешто што почна како договор заради практичност, се покажа како најдоброто нешто за нашите деца во тоа време.

Како што одминуваше времето, девојчињата почнаа да поминуваат по еден цел ден со својот татко, секој викенд. Поради начинот на уредување на животите, се согласивме да не преноќуваат кај него. Тој ги имаше седум до единаесет часа еднаш во секој викенд и доаѓаше кај нас дома да вечера со нив двапати неделно. Понекогаш, остануваше во куќата со нив додека да истрчам некои обврски; другпат, ќе ги изнесеше на вечера. Девојчињата ги обожаваа нивните Вторници и Четвртоци навечер со својот татко, па јас почнав со нетрпение да ги очекувам за да имам некое време да направам некои работи за себе (макар тоа да значи да појдам во супермаркет без децата). Цело време ги поставував нив на прво место, и јас почнав да учам дека е здраво понекогаш да се поставам себеси на прво место.

Тогаш се случи нешто срцепарателно. Девојчињата почна да плачат за својот татко додека спијат. Не зборувам за малечки ми_недостасува_тато солзи. Зборувам за потполно хистерично, неконтролирано плачење кое ми го крши срцето на милион парчиња. Тие копнееа по својот татко. И додека јас посакував да го обвинам него и да речам дека тоа е реалноста што тој ја избра, не беше фер. Тој им е татко. Тие го обожаваат. И додека можеби не беше најдобар сопруг, се докажа дека дека е добар, би се осмелила да кажам, прекрасен татко.

Година и пол по разделувањето, планирав да одам надвор од градот за викенд. Беше тоа некоја свадба на која требаше да се појавам со моето момче и не беше практично да ги водам и девојчињата. Побарав од поранешниот сопруг да остане во мојата куќа со девојчињата додека сум отсутна, и тој првично се согласи. Потоа, тој ги проемени условите, велејќи дека би се погрижил за девојчињата тој викенд само ако останат цело време кај него. Реков не, и имавме расправија околу тоа. Но потоа, јас навистина размислував околу тоа. Девојчињата плачеа по татко им, речиси секоја ноќ. Тој ги сака нив. Тие сакаат да поминуваат време со него. А јас им стоев на патот. Тој не е неподобен татко, тој никогаш не направил ништо да ги повреди и постојано им угодува на нивните потреби. Немав ниедна добра причина да речам не.

Одлучивме да направиме пробна вечер, ноќта спроти Денот на благодарноста. Ако преноќувањето кај него помине добро, тогаш ќе може да ги задржи кај него цел викенд. И ако и тој викенд помине добро, ќе може две недели подоцна да останат кај него целосно додека сум јас на свадба, надвор од градот. Тој прв викенд без нив во куќата, беше толку чудно. Моето прекрасно момче, препознавајќи колку емотивно важно би можело да е за мене тоа, се трудеше да ме изведе надвор, одвлекувајќи ми го вниманието и држејќи ме зафатена цело време. Поминав неверојатно време и се фатив себеси како вистински уживам во викендот и како сум благодарна за времето во кое се фокусирам на мојата врска со момчето. А девојчињата? Си дојдоа блескајќи.

После тој викенд, мојот поранешен сопруг и јас се согласивме на распоред секој_втор_викенд. Почна да зема преку еден петок задржувајќи ги до недела навечер. Девојчињата буквално ги одбројуваа деновите додека ќе можат да одат во куќата на татко им, а повремено се фаќав самата себе како го правам истото. Со момчето почнавме да планираме и организираме викенд активности заедно, планирајќи работи наоколу за нашите „викенди без децата”.

Пред неколку недели, мојот поранешен сопруг побара 50/50 старателство. Работите му се наредија, се сели во нова куќа наскоро. Јас се уште го помнам моментот кога го побара тоа. Се почувствував како срцето да ми скокна в грло и почувствував ладна пот на рацете и мислев дека имам напад на паника. Како би можела да му дозволам да ми ги земе девојчињата? Како би можело да не бидам мајка, со целосно старателство? Како би можела да ги пуштам да одат, кога потрошив толку многу време правејќи да ми се целиот мој свет?

Сакав да речам не. Сакав да се борам. Сакав да најмам адвокат и да ги докажам сите причини зошто тој не смее да ги има нашите девојчиња половина од времето. Но тогаш се вратив чекор назад. Колку и да се трудев да најдам макар една, јас не успевав да најдам добра причина да речам не. Јас немав ниедна причина да ги држам девојчињата подалеку од нивниот татко. Јас не успевав да најдам ниту една добра причина да не им дозволам да поминуваат толку време со него, колку што поминуваат со мене. Тој им е татко, и тој ги сака. Но, што е уште поважно, и тие го сакаат него. Колку и да бев повредена од него, тој никогаш не ги повреди нив. И која сум јас да им стојам на патот?

Пред два месеци, мојот живот повторно се промени, повторно. Креветите во прекрасната розова и виолетова соба во нашиот нов дом се празни исто толку често колку што се зафатени. Се будам некои утра со избезумени брзања и пакување ужинки и чао_бакнување на девојчињата, но исто толку утра се будам со тишина во куќата, без деца во неа. Половина од моите викенди се полни со кикотења и лак за нокти и играрии, додека другата половина од викендите се полни со винарии и романтични прошетки (и, додека сум искрена, со суредувања низ дома и проекти за унапредување на домаќинството). И додека се грижев дека нема да се чувствувам целосно без децата овде, јас научив да си земам врее за себе и да се фокусирам на врската со моето момче што ми дава неверојатна поддршка.

Не го споделувам ова заради себе-потврдување. Не го споделувам ова зашто мислам дека ги направив работите добро од самиот почеток. Го споделувам ова бидејќи би сакала да имав повеќе вакви приказни за читање додека поминував низ мојот развод, донесувајќи одлуки кои засекогаш ќе имаат влијаие врз моите деца. А и не сум наивна. Знам дека транзицијата нема да е лесна. Знам дека ќе има солзи – плачење за Мама, плачење за Тато, заборавени домашни, и многу, многу „ми недостасуваш”. Но исто така знам, длабоко во себе, дека е ова тоа што е најдоброто за моите девојчиња, за НАШИТЕ девојчиња. На крајот од денот, нивната среќа и добросостојба се она што е најважно, за сите ние да продолжиме понатаму.

Преземено

To Top