Home Шоубизнис Славни Биткоините од Снајдер ќе го спасуваат некогашниот гигант Милан

Биткоините од Снајдер ќе го спасуваат некогашниот гигант Милан

Неколку месеци наназад од страна на италијанските медиуми се пренесуваат тврдењата дека Милан се наоѓа пред финансиски колапс бидејќи сопствениците не успеваат да ги вратат долговите кои ги направија при купувањето на клубот. Вистината веројатно е некаде на средината.

Факт е дека кинескиот газда Јонгхонг Ли минатото лето обезбеди буџет од околу 250 милиони евра за засилувања, факт е и дека клубот функционира нормално без застој во исплатата на обврските.

Но, исто така е факт и дека Кинезот „дебело“ се задолжи за да го купи Милан и дека до крајот на октомври мора да врати околу 370 милиони евра на американскиот фонд „Елиот“ .

Се почесто се шпекулира дека Јонгхонг Ли ги нема тие пари и дека ќе мора да ги продава сопствените акции со цел да ги подмири долговите, поради што констатно се шпекулира за нови имиња кои би можеле да влезат во клубот.

Но, денес ни пристигнува најнова и навистина интересна вест. Имено долгот на Милан кон „Елиот“ би можел да биде рефинансиран во криптовалути – биткоини! И тоа благодарение на платформата „Vsport“ која во биткоини врши вложување во спортски проекти.

Уште поинтересно е што еден од сопствениците на оваа компанија е прославениот холандски фудбалер и поранешен член на градскиот ривал Интер, Весли Снајдер. Компанијата на Снајдер наводно се понудила во биткоини да го врати долгот кон „Елиот“ во замена за мал процент од акциите на клубот.

Load More Related Articles
Load More In Славни
Comments are closed.

Check Also

„Тешко ми е да играм со ‘овие’ две на мене“

Американската одбојкарка Кајла Симонс од почетокот на кариерата е во центарот на вниманиет…