„Биг Мак повеќе од Ковид 19“: Французите се манијаци за МекДоналдс – 3 часа чекаа за сендвичи


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ако мислите дека Американците се манијаци за МекДоналдс сендвичи, не брзајте, сигурно не сте маничната опсесија на Французите со оваа храна.

Доказ за тоа е видеото споделено на интернет, на кое се гледа огромна колона автомобили пред МекДоналдс, снимено во Франција, откако некои ресторани повторно се отворија.

Наездата за Биг Мек и помфрит доаѓа откако синџирот за брза храна одлучи да отвори голем број ресторани, и покрај меѓународната криза.

Бизарниот клип го сними Валентин Пелуз, која минувала кога ја забележала огромната колона на автомобили кои чекаат во близина на местото Сејн-ет-Марн.

Таа објасни дека се чекало три часа и тоа бил првиот ресторан што повторно ќе се отворел во областа, од вкупно 15 објекти низ западна Франција.

Слична ваква колона пред Мекдоналдс е снимена и во Луксембург.