Home Актуелно Од денес пократок полициски час и задолжително носење маски за цела Македонија

Од денес пократок полициски час и задолжително носење маски за цела Македонија

Со владина одлука донесена на вчерашната седница, на територија на цела Македонија од денес ќе мора да се носат заштитни маски, истовремено стапувајќи на сила скратен полициски час.

Според Уредбата, заштитна опрема на лицето мора да се носи на сите затворени јавни места каде има повеќе луѓе, како што се пазари, продавници, банки, пошти, државни и здравствени установи, јавен превоз. На отворен простор, маските мора да се носат на пазари и места каде не постои можност за одржување на физичко растојание од два метра.

Граѓаните нема да мораат да носат заштитна маска кога се наоѓаат во нивните дворови, кога возат велосипед, играат индивидуални спортови или се возат во автомобил со најблиските. Обврската за носење заштитна маска е веќе во сила во Куманово, Тетово и Прилеп, градовите каде најбрзо се шири вирусот.

Со олеснување на забраната за движење, полицискиот час секој работен ден, од понеделник до петок во целата држава ќе почнува од 19:00 часот до 05:00 часот наутро. За лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење секој работен ден од 05:00 часот наутро до 12:00 на пладне. Младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13:00 до 19:00 часот. За време на викендите. забраната за движење ќе почнува од 15:00 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 05:00 часот наутро. Во сабота, за лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење од 05:00 часот наутро до 11:00 часот наутро, а младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12:00 до 15:00 часот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…