Барселона „во дупка“ 1,35 милијарди евра


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Новиот претседател на фудбалскиот клуб Барселона, Жоан Лапорта откри дека ситуацијата во клубот е исклучително лоша и тој прави сè што е во негова моќ да ја стабилизира.

Лапорта тврди дека ситуацијата е лоша поради катастрофалното работње на претходниот претседател Бартомеу, и откри некои детали.

„Првото нешто што морам да го кажам е дека, кога пристигнавме во клубот, побаравме заем, бидејќи доколку не го сториме тоа, нема да можеме да го покриеме платниот список. Добивме заем од 551 милион евра со каматна стапка од 1,1 отсто, со цел да го преструктуираме клубот“, истакна Лапорта.

„До денеска вкупниот долг на клубот е 1,35 милијарди евра. Екононската ситуација на клубот е загрижувачка, а финансиската состојба е уште подраматична. Моментално клубот во минус од неверојатни 451 милион евра. Парите се трошеле неконтролирано, Барса за плати троши 617 милиони евра, што е 103% од приходите на клубот. Само за пример, платите во Реал Мадрид се 342 милиони евра“, објасни Лапорта.

„Бартомеу експресно ги потрошил оние 222 милиони евра од Нејмар. Побарал од играчите да ги намалат платите, но никој не сакал да разговара со него. Сме плаќале милиони на посредници. На пример едно лице има добиено 8 милиони евра за скаутирање играчи во Јужна Америка“, истакна Лапорта.