Автомобилска перверзија: Колекција со BMW легенди вредна 3 милиони долари (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сите кои се страсни и неприкосновени обожаватели на моделите од брендот на автомобилскиот гигант BMW ова веројатно симболички ќе го наречат „BMW порнографија“.

Станува збор за колекција од 13 BMW модели од 1981 до 2013 година. Во рекламата е наведено дека за првпат ваква историска колекција на BMW ѝ се нуди на јавноста.

Треба да се истакне дека автомобилите се продаваат заедно, па не може да одберете само еден, ќе мора да ги платите сите 3,2 милиони долари за колекцијата. Транспортот е обезбеден само за во Соединетите Американски Држави.

Тоа е поприлична сума пари за автомобили од последните четири децении, но треба да знаете дека сите возила се „целосно подмладени во речиси беспрекорна состојба“, барем според продавачот. Ви ја пренесуваме целосната листа на автомобили со фотографии и детално видео. Уживајте.

1981 BMW M1
1990 BMW E30 M3 Sport Evolution
1995 BMW E36 M3 Lightweight
2005 BMW E46 M3 Competition Package
2013 BMW E92 M3 Lime Rock Park Edition
1991 BMW Z1
2001 BMW Z3 M-Coupe
2007 BMW Z4 M-Coupe
2003 BMW Z8 Roadster
2002 BMW E39 M5
1988 BMW E24 M6
1988 BMW E28 M5
2011 BMW 1M Coupe