Рина Дака ќе ја претстави новата колекција во Нови Сад: Нејзини креации носеле Наоми Кембел и Ума Турман
Индиската дизајнерка Рина Дака ќе гостува на Српската модна недела, која почнува на 29 октомври во Нови Сад. Позната и како „Готје на Истокот“, таа во своите креации го поврзува богатото индиско културно наследство со современите модни текови.