Home Шоубизнис Александар Скарсгард со ликот на Оливија Колман на маицата, брат му Бил го поддржа на премиерата на „Викер“

Александар Скарсгард со ликот на Оливија Колман на маицата, брат му Бил го поддржа на премиерата на „Викер“

Бил и Александар Скарсгард на премиерата на „Викер“ во Лос Анџелес

Александар Скарсгард се појави во специјално изработена модна комбинација на премиерата на својот нов филм „Викер“, одржана во вторникот, на 20 октомври, во седиштето на Здружението на американските режисери во Лос Анџелес.

На 50-годишниот актер му се придружи и неговиот помлад брат, Бил Скарсгард. Само неколку дена претходно, нивниот татко, Стелан Скарсгард, му даде поддршка на Александар на проекција на филмот во Њујорк.

Александар Скарсгард на црвениот тепих на премиерата на „Викер“

За ова појавување на црвениот тепих, Александар избра розово-зелено здолниште и маица со долги ракави, на чија предна страна беше испечатена фотографија од ликот што неговата колешка Оливија Колман го толкува во филмот. Комбинацијата е специјално изработена од „Чопа Валовена“.

Елизабет Дебики, Оливија Колман и Александар Скарсгард на премиерата на „Викер“

Александар позираше и со колешките Елизабет Дебики и Оливија Колман, кои во филмот ги играат сопругата на кројачот и рибарката.

На премиерата присуствуваа и сценаристите и режисерите на филмот, Алекс Хјустон Фишер и Елинор Вилсон.

Елизабет носеше фустан од „Калмајер“, хулахопки од „Калцедонија“, чевли од „Маноло Бланик“ и прстен од „Енгелберт 1920“.

Елизабет Дебики на премиерата на „Викер“ во Лос Анџелес


Извор: Just Jared

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Кол Спраус реагираше откако неговиот близнак Дилан ги нарече „деца на инцест“

Кол Спраус со неверување реагираше на изјавата на својот брат близнак Дилан дека се „деца …