Николија Јовановиќ внимателно го чува приватниот живот од очите на јавноста. Иако многумина ја доживуваат како воздржана, нејзините најблиски познаваат една многу поемотивна страна.
Во искрен разговор за магазинот „Стори“, пејачката зборуваше за ќерките Реа и Хана, за врската со Реља Поповиќ, за семејството и за одлуките што го одредиле нејзиниот пат. Се осврна и на големиот професионален предизвик што ја очекува на 27 ноември – првиот солистички концерт во Сава центар.
На сцената ќе ѝ се придружат мајка ѝ Весна Змијанац и партнерот Реља, а во публиката ќе бидат и членовите на нејзиното семејство. Овој спој на приватниот живот и музиката за Николија ќе има посебно емотивно значење. Пред концертот, таа откри како се справува со притисокот, зошто не сака да се ограничи на една верзија од себе и што ѝ е најважно кога ќе се изгаснат сценските светла.

Првиот голем солистички концерт во Сава центар
Какво лично значење има за вас Сава центар, каде што ќе го одржите првиот голем солистички концерт?
– Навистина ме радува што мојот прв голем солистички концерт ќе се одржи токму во Сава центар. Тој простор има богата традиција, а на неговата голема сцена отсекогаш настапувале врвни уметници. Со Сава центар ме поврзуваат и приказните на татко ми. Од почетокот на осумдесеттите години тој работел таму како раководител во секторот за културни програми и манифестации и учествувал во организацијата на многубројни концерти. Има огромно искуство, па поради сето тоа овој настап за мене е особено емотивен.
Минатата година беше одложен концертот на Ташмајдан. Што ви донесе тоа искуство?
– Сè уште ми остава горчливо чувство. Сепак, тоа искуство ме натера повеќе да верувам во себе, ме зајакна и ми даде поттик да прифатам предизвик каков што е концертот во Сава центар. Јас сум меѓу првите изведувачи од современата музичка сцена што се осмелиле на таков потфат. Сцената во Сината сала нуди големи можности, но истовремено те остава целосно соголен пред публиката.

Како ги одбиравте песните за концертот и има ли некоја на која особено ѝ се радувате?
– Има песни што ми се особено драги, без оглед на бројките, и сакам и тие да добијат свое место на концертот. Посебни емоции ќе почувствувам кога ќе застанам на сцената со мама Весна и со Реља, додека во публиката ќе бидат татко ми, децата и остатокот од семејството. Во тие моменти се спојуваат мојот приватен и мојот музички свет, па затоа ќе имаат дополнително значење за мене.
За што никогаш не правите компромис кога подготвувате голем настап?
– Најмалку компромиси правам околу чувството што сакам да ѝ го пренесам на публиката. Се подразбира дека музиката мора да биде на врвно ниво. Важни се и визуелниот идентитет, кореографијата и продукцијата, но најважно ми е што ќе почувствуваат луѓето додека ме слушаат и ме гледаат. На крајот, и публиката и јас ќе си заминеме дома со тоа доживување.

Одлуките што ја обликувале нејзината кариера
Дали денес би направиле нешто поинаку во кариерата?
– Би правела уште помалку компромиси. Искрено, ни досега не сум правела многу, но во некои ситуации би била порешителна, а во други потрпелива. Мислам дека е важно да знаеш кога треба да пресечеш, а кога не треба да ги забрзуваш работите. Порано знаев да бидам избрзана, иако таква сум и денес. Само што сега полесно го препознавам моментот кога треба малку да застанам.
Дали чувствувате дека денес сте ја пронашле својата најавтентична верзија?
– Сите тие верзии сум всушност јас. Експериментирав со жанровите, со визуелниот идентитет и со облеката, но секоја од тие фази го носеше мојот личен печат. Во секоја бев своја и секоја ја изразив онака како што ја чувствував во тој момент. Се менувам од ден на ден, од година на година и не би сакала да се врзам за една верзија од себе и да кажам дека тоа е конечно. Важно ми е да можам да се менувам, а луѓето и натаму да ме препознаваат. Харизмата што ја имам во гласот и во појавата да ги следи сите тие промени.
Ви пречи ли што луѓето ве доживуваат како студена и недостапна?
– Многу од работите поради кои им изгледам студена на луѓето не ги правам намерно. Едноставно, таква сум, а впечатокот дека сум недостапна не е нешто што свесно сакам да го оставам. Навикнав на тоа и имам трпение луѓето што лично ќе ме запознаат самите да откријат колку сум всушност емотивна. Не ги покажуваме сите чувствата на ист начин, ниту сè се гледа на прв поглед. Не можам на сите да им доловам каква сум приватно, а немам ни потреба да се оправдувам. Важно ми е да ме познаваат луѓето со кои го делам животот.
Кога ќе се изгаснат камерите и ќе завршат настапите, што најбрзо ве враќа во секојдневието?
– Семејството и топлината на мојот дом. Ја вадам шминката, облекувам нешто удобно и веќе сум во својот свет. Заедничкиот оброк, прегратките на Реља и на децата, сите тие едноставни нешта веднаш ме враќаат во секојдневието и ме приземјуваат. По настапите и сета таа енергија, најмногу ми годи блискоста дома. Таму можам целосно да се опуштам и едноставно да бидам своја.
За Реља и тајната на нивната долгогодишна љубов
Како ја зачувувате својата индивидуалност во врската со Реља?
– Како и луѓето што се занимаваат со која било друга…
Извор: Story.rs