Хари и Меган без покана за божиќниот концерт на Кејт Мидлтон, пишуваат британските медиуми
Принцот Хари и Меган Маркл наводно не се на списокот гости за традиционалниот божиќен концерт што Кејт Мидлтон го подготвува за 11 декември во Вестминстерската опатија. Засега нема официјална потврда зошто не се поканети, но веста повторно го насочи вниманието кон односите во британското кралско семејство.