Маскирани крадци упаднале на имотот на Крис Хемсворт и Елса Патаки и однеле три возила
Од австралискиот имот на Крис Хемсворт и Елса Патаки биле украдени три возила, објави „7News“. Упадот се случил рано наутро во средата, на 11 ноември, во Брокен Хед, јужно од Бајрон Беј. Возилата подоцна биле пронајдени, а повредени нема.