Home Шоубизнис Лиса ја отвори концертната серија во Лас Вегас: Кои песни ги изведе на првата вечер?

Лиса ја отвори концертната серија во Лас Вегас: Кои песни ги изведе на првата вечер?

Лиса настапува на доделувањето на МТВ ВМА наградите

Лиса ја започна својата резидентна концертна серија „Viva La Lisa“ во Лас Вегас.

Дваесет и деветгодишната пејачка од „Блекпинк“ и актерка, позната и по улогата во серијата „Белиот лотос“, го одржа првиот настап во четвртокот вечерта, на 12 ноември, во „Колосеум“ во комплексот „Сизарс палас“ во Лас Вегас, Невада.

Првично беа планирани четири концерти, но поради големиот интерес беа додадени уште настапи.

Лиса настапува на Коачела

По отворањето на 12 ноември, Лиса ќе настапи во истата сала и на 13 и 14 ноември, а потоа повторно од 27 до 29 ноември.

Со „Viva La Lisa“, таа стана првата кеј-поп ѕвезда со резидентна концертна серија во Лас Вегас.

По првата вечер, познат е и списокот со сите песни што ги изведе на сцената.

Лиса на сцената на Коачела

Репертоарот од првата вечер на „Viva La Lisa“:

1. Tarantino
2. FUTW
3. BADGRRRL
4. V12
5. ROCKSTAR
Танцова точка
6. Sweat
Ремикс со Gimme More
7. Elastigirl
8. GOALS
Танцова точка
9. RAPUNZEL
10. MONEY
Танцова точка: ремикс од Money, B***h Better Have My Money и JUMP
11. Chill
12. Moonlit Floor (Kiss Me)
Разговор со обожавателите
13. Dream
14. When I’m With You
15. Born Again
16. Cut U Off
17. Cobra
18. New Woman
19. Leave With Me
20. Thunder
21. BAD ANGEL
22. Lifestyle
23. SaWaDiKa


Извор: Just Jared

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Хантер Шејфер и Мишел Јео со впечатливи модни изданија на премиерата на „Блејд Ранер 2099“

Хантер Шејфер и Мишел Јео заедно позираа на црвениот тепих во Лос Анџелес, на премиерата н…