Опасните селфи фотки во летање на овој пилот го запалија интернетот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бразилскиот пилот Даниел Сентено дефинитивно го издигна трендот на селфи фотографии на едно повисоко ниво, како естетско така и „адреналинско“. Или можеби не?

Кадрите кои на прв поглед изгледаат како најдобрите, најоткачени и најопасни селфи фотки, во суштина се композиции од повеќе поврзани фотографи кои ја креираат конечната верзија.

Даниел лично ги средува своите фотки во Фотошоп за да ги создаде овие екстремни селфи моменти, наместо вистински да го отвора прозорецот од авионот среде лет, што секако навистина претставува опасен потег.

Она што е симпатично во врска со овие негови лажни селфи фотографии е што тој не ги прави нив за да ги излаже своите следбеници на Инстаграм и да се прави фраер. Напротив – апсолутно отворено потврдува дека се средувани во Фотошоп со тоа што до секоја фотка во описот додава Photoshop mode ON.

Исто така, сосема свесно и намерно остава некои нелогични детали на фотографиите, како средената коса за време на селфи на голема висина и при голема брзина на авионот, отсуството на рефлексија на очилата за сонце и слично.

Сепак, на крајот сите ќе се согласиме дека типот прави одлични лажирани селфи фотографии кои, независно што се целосно средувани во Фотошоп, се импресивни како комплетни фотки.